Левото крило Дарио Кофилоски и голманот Виктор Василевски, не се повеќе членови на актуелниот освојувач на македонскиот Куп.
Двајцата немаа голема минутажа оваа сезона во тимот на Кире Лазаров и своите кариери ќе ги продолжат на друго место.
Кофилоски долго време беше во сенка на францускиот интернационалец Арно Бинго и не добиваше шанси за настап.
Василевски, кој првата полусезона ја мина во вториот тим на „сино-белите“ од Автокоманда, исто така не доби многу прилики да брани во конкуренција на Галевски и Трајкоски.
Во тимот на Лазаров за следната сезона доаѓаат чуварот на мрежата Марко Кизиќ и десното крило Никола Костески.