Двајца екс-вардарци станаа родители по вторпат

Некогашните членови на Вардар, Вук и Барбара Лазовиќ, споделија убава вест – станаа родители по вторпат.

Ракометната двојка што веќе го има 15-годишниот син Лука, доби втор син, кој го доби името Петар.

Барбара четири сезони го носеше дресот на Вардар од 2014 до 2018 година, додека Вук настапуваше во „црвено-црниот“ тим во сезоната 2012/13.

Вук се уште е активен на ракометните терени и настапува за белорускиот Мешков Брест, додека Барбара ја заврши играчката кариера во дресот на Крим.