Два пара браќа за европските пресметки на Охрид

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од осминафиналето во ЕХФ Европскиот Куп.

Македонскиот претставник Охрид ќе игра со чешкиот тим Дукла Прага, а веќе се познати арбитрите за двата меча.

Првиот натпревар на 14 февруари од 18:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе го судат браќата Генц и Гетоар Бујупи од Косово, додека делегат е Владимир Јовиќ од Босна и Херцеговина.

Реваншот е на програмата на 21 февруари од 18:00 во СЦ „Репи“ во Прага, а судии ќе бидат браќата Емил и Ернест Агакиши од Азербејџан, додека делегат е Гергељ Ватај од Унгарија.