Два мак-тима во Лигата на Европа, Вардар ќе игра директно во групите!

Европската ракометна федерација ги објави екипите што ќе играат во престојната сезона во Лигата на Европа.

Македонија ќе има два тима во второто по ранг европско клупско натпреварување откако „сино-белите“ од Автокоманда добија вајлд-карта.

Екипата на Вардар доби директно место во групите, благодарение на вајлд-картата на Еурофарм Пелистер за ЛШ.

Покрај Вардар во групите на ЛЕ добија место уште 19 други екипи, додека 12 ќе се приклучат по квалификациите.

Тимот на Кирил Лазаров доби место во квалификациите и ќе биде рангиран во вториот шешир, па ќе добие силен тим за ривал.