Два црвени картони и 81 гол за пролетниот старт на Првата лига

Со мечот во Велес, меѓу некогашниот првак Борец и струмички Астраион, стартуваше пролетниот дел од сезоната во Првата лига.

Во рамките на плеј-аутот, Астраион според очекувањата славеше без поголеми проблеми на гостувањето кај Борец со 45-36.

Победникот беше најавен уште по првото полувреме, кога струмичани имаа водство од седум погодоци, 23-16.

Вториот дел беше само формалност, па немаше дилеми околу тоа кој ќе слави на овој меч, иако струмичани останаа без Цонев и Велков, кои добија директни црвени картони.

Најдобри стрелци кај победникот беа Кире Георгиев со 12 и Јордан Рингов со осум гола, а во составот на Борец, Јован Атанасовски постигна 13 и Антонио Јаневски 11 погодоци.