Репрезентацијата на Хрватска е првиот финалист на Светското првенство 2025, откако во полуфиналето против Франција славеше со 31:28.
Со оваа победа Хрватска го обезбеди шестиот медал нa светските првенства во историјата, а прв по 12 години кога ја освои бронзата во Шпанија.
Последниот натпревар пред хрватската публика го имаше Домагој Дувњак, кој ги сподели импресиите по обезбеденото финале.
,,Не знам што да ви кажам мудро… Голема благодарност до момците, публиката. Оваа наша одбрана е совршенство. Целосно ја заслуживме победата и заслужено сме во финалето. Ќе ми се скрши срцето! Јас сум во шок. Сите овие се млади момци, некои играат за прв пат во репрезентација. Толку храбри, паметни, исполнети со мотиви… Среќен сум за нив, се надевам дека нема да чекаме толку долго за следниот медал. Неверојатно е колку проблеми имаме во тимот во текот на целиот турнир, на крајот момците излегоа на терен, никој не се пожали, сите беа возбудени. Се плашев дека ќе изгорат. Бевме толку паметни, им се восхитувам. Многу благодарам уште еднаш, ова трае цел живот. Хрватскиот ракомет има иднина”, изјави Дувњак.
Хрватска во финалето, кое ќе се одигра во Осло, ќе игра со подобриот од натпреварот меѓу Данска и Португалија.
Хрватите во транс – ја торпедираа Франција за мундијалско финале!