Дувњак не мисли за крај – потпиша нов договор со Кил!

Легендарниот хрватски интернационалец Домагој Дувњак го продолжи договорот со бундеслигашот Кил.

Тој ќе остане во составот на Филип Јиха најмалку уште една сезона, односно до летото 2027 година.

„На стартот на оваа сезона, си реков себе дека ако умот и телото ги издржат напорите, ќе одлучам да продолжам и натаму“, вели Дувњак.

37-Годишниот Хрват кој потекнува од Ѓаково, играше за Загреб до 2009 година, пред да замине во Хамбург каде остана до 2014 година.

Оттогаш го носи дресот на „зебрите“ со кои освојува трофеи на сите фронтови.