Ракометарите на Кил утре против Еурофарм Пелистер ќе го одиграат третиот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите.
Германскиот тим во Битола доаѓа како голем фаворит, но поискусните играчи во тимот на Филип Јиха знаат дека нема да биде лесно да се игра пред битолската публика.
Капитенот на Кил, Домагој Дувњак, имаше пофални зборови за Еурофарм Пелистер, истакнувајќи дека лошиот старт на битолчани не мора да значи дека ќе продолжат да играат лошо.
,,Никогаш не сум играл во Битола, но гледав многу натпревари на Еурофарм Пелистер во изминатите неколку години. Можам да кажам дека во салата нè очекува пекол и јас ќе уживам во одличната атмосфера. Сигурен сум дека и моите соиграчи ќе уживаат и ќе дадат сѐ од себе во сите 60 минути. Пред себе имаме навистина добар ривал. Двата пораза на Еурофарм Пелистер на стартот од ЛШ не значат ништо. Очекувам тежок натпревар во кој треба да бидеме максимално фокусирани“, изјави Дувњак.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Кил ќе се одигра со почеток од 18:45 часот.