Финалето меѓу Данска и Хрватска среде Норвешка ќе биде последен натпревар во дресот на националниот тим за капитенот на „коцкестите“.
Иако повреден, Домагој Дувњак, е во ростерот на Дагур Сигурдсон, и се обидува да помогне на терен, колку што може.
„Презадоволен сум и пресреќен. Имаме медал, неверојатно чувство. Сакав да го доживеам уште еднаш, успеав. Благодарност до соиграчите, навивачите и селекторот. Ќе уживам во последните 60 минути. Ми се сруши светот по повредата, не беше лесно, но ме кренаа соиграчите и селекторот. Не можев да посакам подобар крај“, вели Дувњак.
Натпревар за злато против Данска среде Скандинавија е голема предност за ривалот.
„Играат неверојатен ракомет. Се надевам дека ќе ја повториме одбраната од дуелот со Франција и дека ќе ги успориме. Не смееме да правиме технички грешки, мора брзо да се враќаме и да бидеме спремни. Одиме во борба сите 60 минути. Големи фаворити се против нас, но се надевам дека долго ќе ги држиме во егал, а потоа на крајот се е можно“, заврши Дувњак.
Натпреварот меѓу Данска и Хрватска се игра вечерва во „Унити Арена“ со почеток во 18:00 часот.