Хрватскиот репрезентативец Домагој Дувњак најверојатно ќе ја продолжи соработката со бундеслигашот Кил.
Тој игра за „зебрите“ од 2014 година, а од 2016 година ја носи и капитенската лента на реномираниот клуб.
Неговиот актуелен договор истекува следното лето, но информациите од германските медиуми велат дека ќе остане уште една сезона.
Во неговата статистика се запишани 1526 погодоци на 507 одиграни натпревари за Кил во сите конкуренции.
„Најверојатно наскоро ќе донесеме одлука. Се чувствувам добро. Здрав сум и се надевам дека така ќе остане. И понатаму имам желба за ракомет. Го сакам овој клуб бескрајно“, изјави Дувњак.
36-годишниот среден бек ја игра својата 11 сезона во Кил, а во јануари на СП 2025 ќе ја заврши репрезентативната кариера.