Дутра Фереира има нов клуб

Бразилскиот среден бек Леонардо Дутра Фереира и во наредната сезона ќе остане на азискиот континент.

Поранешниот ракометар на Вардар потпиша договор со екипата на Ал Мудар и ќе игра во Саудиска Арабија во сезоната 2024/25.

Дутра Фереира минатата сезона играше за Ал Ахли, откако замина од Вардар по освојувањето на Куп трофејот во 2022/23.

Претходно Дутра Фереира ги бранеше боите на шпанските Куенка и Логроњо, како и на полската Висла Плоцк.