Полскиот првак Келце остана без услугите на кружниот напаѓач Николас Турна на два месеци.
Како што објави официјалниот сајт на Келце, Турна се повредил на еден од тренинзите минатата недела пред мечот со ПСЖ.
Францускиот репрезентативец има проблеми со лигаментите на скочниот зглоб и го чека пауза од шест до осум недели.
Претходно тренерот Талант Душебаев остана и без пикерот Артем Каралек, како и левите бекови Томаш Гебала и Хасан Кадах.