Душебаев: Спремен сум во Келце да останам до пензија

Актуелниот тренер на Келце, Талант Душебаев, нема намера да предводи некој друг клуб во неговата тренерска кариера.

Искусниот стратег, кој во редовите на Келце пристигна во текот на 2014 година, посакува до своето пензионирање на биде предводник на полскиот вицепрвак.

,,Сакам да работам до мојот 67-ми роденден. Зошто? Во Шпанија се промени законот и се зголеми возраста за пензионирање. Ако во Шпанија повторно се продолжи старосната граница за пензионирање, ќе работам уште подолго. Јас не сум човек кој си заминува кога ќе се појават тешки моменти. Како можам да заминам и да оставам играчи кои ми се како деца? На пример, Дилан Наи. За мене важен е само Келце. Ако клубот ми даде понуда за продолжување на договорот, јас слепо би ја прифатил“, изјави Дујшебаев во интервју за ТВП Спорт.