Некогашниот десен бек на Вардар, Алекс Душебаев, на крајот од претстојната сезона ќе си замине од полскиот Келце.
Ова го најави неговиот татко, тренерот Талант Душебаев, а сега го потврди и Алекс на социјалните мрежи.
„Поминаа осум сезони откако пристигнав овде на 24 години. Не можев да замислам дека ќе се случи сето она што го доживеав со Келце – освојувањето на шест пати по ред шампионски титули и многу трофеи во Купот. Никогаш нема да ги заборавам ниту пласманите на Ф4 во Келн и ќе останат со мене засекогаш. Да уживаме заедно во нашиот ‘последен танц’“, напиша Алекс.
Покрај Алекс, од тимот на Келце ќе си замине и левиот бек Даниел Душебаев, кој дојде една сезона подоцна од неговиот брат во полскиот вицепрвак.