Ракометарката на Чаир, Теодора Дукоска, е успешно оперирана и веќе го започнува процесот на рехабилитација.
Стружанката на 17 март во дерби дуелот со Металург Автокоманда ги скинати лигаменти на рамото.
Сега за Дукоска следува пауза, а тоа значи дека ќе биде неизвесна за настап на Светското младинско првенство во јуни.
Селекторот на младинската репрезентација на Македонија, Дарко Јанев, ќе мора да бара нови солуции на позицијата десно крило.
Македонија ќе биде домаќин на младинскиот Мундијал, кој во периодот од 19 до 30 јуни ќе се одржува во Скопје.