Викендов се одиграа 12 натпревари од квалификациското коло во Лигата на Европа, второто по ранг европско клупско натпреварување.
Планови за групната фаза веќе можат да прават данскиот Скандерборг, францускиот Сен Рафаел, шпанската Бидасоа, германскиот Хановер, норвешкиот Елверум, шведскиот Савехоф…
Другите натпревари завршија со помала разлика и реваншите би требало да донесат неизвесност околу патниците во групите.
Српскиот шампион Партизан долго се мачеше да го скрши отпорот на чешката Карвина, но оди со плус четири на реваншот, додека швајцарскиот Луцерн запиша триумф кај Горење.
Дуго Село во хрватскиот двобој го победи фаворизираниот Сесвете со 32-29 и чекор поблиску да стане последен ривал на Вардар покрај шведскиот Кристијанштад и францускиот Тулуз.
Лига на Европа, квалификациско коло:
Скандерборг – Маритимо 38-25
Морс – Сен Рафаел 32-45
Баја Маре – Стјарнан 26-26
Хробри Глогов – Карлскрона 30-33
Горење – Луцерн Криенс 25-27
Партизан – Карвина 31-27
Бидасоа Ирун – Брага 35-26
Меѓимурје – Берн 28-31
Хановер – Алкалоид 37-27
Дуго Село – Сесвете 32-29
Елверум – Торелавега 38-28
Малме – Савехоф 24-33


























