Последниот натпревар на „Трофеј Македонија“ меѓу Македонија и Грција што беше закажан за денеска во 16:30 часот, нема да се игра.
Причината за тоа е вирусната инфекција во грчкиот национален тим, па Грција не може да склопи состав за денешната пресметка.
Тоа значи дека Македонија службено ќе го добие овој натпревар со 10-0 и сега ќе го очекува исходот од африканскиот двобој меѓу Тунис и Египет, на кој на нашите ракометарки им одговара триумф на Тунис или реми исход.