Државата четири пати помала од Македонија по 16 години ќе се бори за евро-медал!

Репрезентацијата на Исланд со убедливата победа над Словенија од 39:31 во последното коло од главната фаза обезбеди пласман во полуфиналето на Европското првенство. Државата што е четирипати помала по бројот на населението (околу 400.000) од Македонија (околу 1.800.000) се пласира меѓу најдобрите четири селекции на континенталниот собир.

Со овој успех, Исланѓаните се враќаат во борбата за медали на ЕП по цели 16 години. Последен пат Исланд играше полуфинале на континентален собир во 2010 година, на Европското првенство во Австрија, кога на крајот го освои бронзениот медал, нивен последен подиум на едно ЕП.

Најголемиот успех на Исланд на Европските првенства останува сребрениот медал освоен во 2002 година.

Сега, по долга пауза, Исланд повторно ќе има шанса да испише историја – или за првпат да избори пласман во финалето на Европско првенство, или повторно да се бори за бронзениот медал.

Покрај Исланд и Данска, последните полуфинални патници ќе се бараат меѓу Франција и Германија, односно Хрватска и Шведска.