Драматични сцени: Романска репрезентативка се онесвести – натпреварот заврши во 55 минута!

Пријателскиот натпревар меѓу Шведска и Романија беше прекинат во 55 минута и не продолжи да се игра до крајот, поради повредата на една од романските репрезентативки.

Сорина Грозав во борба да спречи контранапад на ривалот, се судри со голманката Јулија Думанска и се онесвести на теренот.

Медицинските екипи веднаш реагираа, но неизвесноста и драматичните сцени на теренот траеја.

Откако Грозав се освести, веднаш беше пренесена во болница за понатамошни тестови, но првичните информации на романските медиуми се дека и покрај тоа што изгледаше дека станува збор за нешто сериозно, сепак не е така.

Според „ГСП“, Грозав веќе се вратила во националниот тим, но нема да игра на вториот закажан натпревар против Швеѓанките во текот на утрешниот ден.

До моментот на прекинот, Шведска водеше со 36-28 и тој резултат е регистриран како конечен.