Драма во Србија: Партизан ја „тресна“ Војводина среде Нови Сад!

Тимот на Партизан славеше на гостувањето во Нови Сад кај актуелниот српски првак Војводина со 30-28 и најави интересна сезона.

Во драматичен и до крај интересен натпревар, „црно-белите“ од Белград водеа во најголем дел од мечот, а предводник беше десниот бек Никола Црноглавац со 14 погодоци.

Составот каде што игра Бојан Маџовски водеше на стартот со 6-3, Војводина успеа да се врати во егал до паузата, 12-12, но со голот на капитенот Зечевиќ, Партизан замина со предност на пауза.

Водеше тимот на Ѓорѓе Чирковиќ со плус четири, но Војводина со голот на Пуховски намали на минус два, 29-27. Имаше домаќинот шанса и за минус еден на два пати, но не погодија и победата остана за гостите.

Покрај Црноглавац со 14 гола, во победничкиот состав се истакна и Зечевиќ со пет гола, а кај Војводина најдобар беше Сеса Хешам со осум погодоци.