Драма во Норвешка – Рунар преку ѕвездениот Колстад до трофеј по 17 години!

Тимот на Рунар Сандефјорд по пауза од 17 години и по сезоната 2008/09 успеа да освои трофеј во Купот на Норвешка.

Избраниците на Бјарте Мирхол го победија по ударите од седум метри ѕвездениот Колстад, кој тоне во финансиски проблеми, со 34-33.

Во првиот дел Рунар водеше со 17-11, но во второто полувреме Колстад успеа да се врати во егал.

Мечот во регуларниот дел заврши 29-29, а потоа во ударите од седум метри првите четири серии завршија со погодоци.

Клучна беше четвртата серија кога ударот на Сондена од Колстад беше одбранет од Виктор Варер.

Меч топката ја имаше 18-годишниот Александер Локе, кој ладнокрвно го реализираше пеналот за победа и славјето на Рунар можеше да почне.