Драма во Германија – Пекелер со звукот на сирената донесе бод за Кил кај Магдебург!

Бундеслигашкото дерби меѓу Магдебург и Кил заврши реми, 26-26, откако и на полувремето беше нерешено, 13-13.

Домашните имаа плус еден, но Кил имаше напад, а од „втора“ кружниот напаѓач Пекелер погоди во домашната мрежа од бековска позиција за бод на тешкото гостување.

Кај „зебрите“, по седум голови имаа Цербе и Рајнкинд, додека во домашниот состав по шест пати погодуваа Мертенс и Кристјансон.

На голот на Кил одлична партија имаше Андреас Волф, кој одбрани 15 удари на Магдебург.

На табелата, Магдебург е прв со 34 бодови, далеку пред Фленсбург со 29, додека Кил е петти со 26 бодови.