Тимовите на Пелистер и Ѓорче Петров 2 одиграа драматичен натпревар, кој заврши со поделба на бодовите, 25-25.
Иако гостинките имаа напад за победа, не успеаја да погодат и сите мораа да се задоволат со реми. Битолчанки може да жалат, бидејќи имаа плус пет во текот на мечот во повеќе наврати, но дозволија комплетен камбек на Ѓорче Петров 2.
Најдобри стрелци во домашниот тим беа Моника Босилковска со осум и Наталија Дишковска со шест погодоци, додека Антонела Ѓероска со шест гола се истакна кај Ѓорче Петров 2.
Стружанка одработи рутински против Шампион и славеше со 49-15. Теодора Маркоска со 12 и Маја Раткушиноска со девет гола беа најдобри кај домаќинот, додека Марија Бојковска даде повеќе од половина голови за гостинките – девет.
Овче Поле СУ и Деспина исто така си ги поделија бодовите, 32-32. Прилепчанки имаа плус четири, домаќинките плус два, но во најголем дел од мечот се играше израмнето. Во последната минута беше 31-31, а на двете страни се постигна уште по еден гол за реми. Маја Ристеска ја предводеше Деспина со девет гола, а Јована Конева даде исто толку за тимот од Свети Николе.
На табелата, Спартак е прв со 18 бодови, додека Пелистер е втор со 16, а Деспина има 14 бодови на третата позиција.