Македонската репрезентативна голманка Драгана Петковска својата кариера ќе ја продолжи во хрватскиот шампионат.
Петковска потпиша за тимот на Брод oд Славонски Брод, а ова деветтиот клуб во нејзината интернационална кариера.
Таа би требало да го има своето деби на голот на Брод веќе утре на дуелот со хрватскиот шампион Подравка.
Искусната Петковска кариерата ја започна во школата на Индира Кастратовиќ, потоа настапуваше за првиот и втор тим на Вардар. По одличните настапи за „црвено-црните“ започна да гради интернационална кариера..
Беше дел од турскиот Андерсен, како и данските суперлигаши Силкеборг и Сондерјиске. По авантурата во Данска, бранеше за српската Јагодина, израелскиот Макаби Ришон Ле Зион, грчкиот АЕК Атина, италијанскиот Салерно и словачката Јувента Михаловце.