Македонската репрезентативка Драгана Петковска и нејзиниот тим Јувента Михаловце ја освоија шампионската титула во Словачка.
Петковска и Михаловце на коло до крајот беа најдобри во конкуренција на Дунајска Стреда и Слован Душло Шала.
По пауза од три сезони, Јувента Михаловце на Петковска успеа да се искачи на тронот во Словачка.
Македонската репрезентативка по ЕП 2024 ја смени средината и од италијанскиот Салерно премина во Словачка, а трансферот се покажа како полн погодок.
Ова е 15. титула во историјата на Јувента Михаловце, а во плеј-офот по два пати ги совладаа двата ривали и со четири победи на четири меча стигнаа до златото.