Драган Аџиќ не е повеќе тренер на Крим

Црногорскиот стратег Драган Аџиќ си поднесе оставка на тренерската позиција во словенечкиот првак Крим Меркатор.

По поразот од Мец во Лигата на шампионите на домашен терен, Аџиќ поднесе оставка, а истата беше прифатена од страна на раководството.

Иако Крим ја стартуваше одлично новата сезона во елитната конкуренција и запиша четири победи, сепак потоа доживеа три порази во серија, од кои два дома. Крим загуби дома од ЧСМ Букурешт и Мец, а беше поразен и на гости кај Ференцварош.

Во следното коло словенечкиот тим ќе гостува кај фаворитот Мец, па нема да биде чудо ако по осум кола остане на половичен биланс. Сепак и покрај тоа Крим останува на четвртото место на табелата со осум бода, кое води во осминафиналето.

Дали заминувањето од Крим ќе влијае на неговата работа во женската репрезентација на Словенија останува да видиме.