Драчево за едно полувреме ја реши Македонија ЃП

Ракометарите на Драчево во натпревар од 12. коло од прволигашкиот плеј-оф забележаа убедлива победа над Македонија ЃП со 41:32.

Избраниците на Велимир Настески победата си ја обезбедија уште во првото полувреме во кое постигнаа 19, а примија само десет погодоци.

Драчево со денешната победа има 20 бодови на свое конто и до крајот од сезоната ќе посакува со уште две победа да го поправи впечатокот, односно да обезбеди подобар пласман.

Победничката екипа беше предводена од Ѓорѓи Дука со 10 погодоци, седум додаде Лазар Стојанов, шест запиша Филип Дабевски.

Кај поразениот табор Мартин Бучуковски ги предводеше стрелците со седум реализации, шест имаше Марко Стојаноски.