Ракометарите на Драчево, кои веќе имаат обезбедено плеј-оф во Првата лига, на гостувањето во Штип кај Текстилец се израдуваа на победа од четири гола разлика, 36:32.
Најголемиот дел од натпреварот помина во изедначена игра и ниту една од двете екипи до 50 минута не можеше да направи исчекор.
По нерешените 17:17 на полувреме, неизвесноста продолжи и во вториот дел, во кој тимот на Настевски со подобрата игра дојде до посакуваната победа.
Откако на десет минути пред крајот беше 29:29, гостите со серија од 4:0 се одлепија на 33:29 и до крајот беа во резултатска предност.
Најефикасни во победничката екипа со по седум погодоци беа Ѓорѓи Дука, Димитар Петковски и Илија Димов, шест додаде Филип Дабевски.
Во поразениот табор се истакнаа Дарио Јорданов со девет погодоци и Зоран Величков со седум реализации.