Драчево со трио засилувања ќе брка Супер лига

Тимот на Драчево донесе три засилувања за пролетниот дел од сезоната во прволигашката конкуренција.

Драчевци се засилија со тројца ракометари што настапуваат во бековската линија и ќе ја зголемат конкуренцијата во составот на Велимир Настески.

Станува збор за левите бекови Благој Христовски и Давид Младеновски, како и организаторот на играта Давид Богоевски.

Драчево заедно со Македонија Ѓорче Петров и Младост Богданци со по 19 бодови се наоѓаат на делбата на првата позиција на табелата во групата Б од Првата лига.