Драчево со прва победа во прволигашкиот плеј-оф

Екипата на Драчево, по стартниот пораз од Еурофарм Пелистер 2 во плеј-офот од Првата лига, вечерва дојде до првите бодови со триумф над Металург РА, 32:27.

Избраниците на Велимир Настевски до победата дојдоа со подобрата игра во вториот дел, а на полувреме Металург РА имаше предност од плус два, 16:14

Најефикасен во победничката екипа беше Филип Дабевски со седум погодоци, по пет имаа Ѓорѓи Дука и Димитар Петковски.

Филип Петровски со осум погодоци беше прво име во поразениот тим, а го следеше Џулијано Христоски со шест реализации.

Ракометарите на Драчево во следното коло ќе играат против Јехона, додека Металург РА ќе се соочи со Младост Богданци.