Екипите на Младост и Драчево одиграа интересен натпревар во рамки од 13. коло од прволигашката конкуренција, а по 60 минути игра резултатот во Богданци беше 28:28.
Двете екипи играа променливо во двете полувремина. Иако гостите во два наврати во првиот дел имаа плус четири, сепак, домаќините не се предаваа и на полувреме заминаа со негатива од минус еден, 13:12.
Младост во најголемиот дел од вторите 30 минути имаше контрола на резултат, во финишот водеше со два гола разлика, беше 28:26 во последните две минути, а гостите со подобрата пофокусираност се изборија за бод израмнувајќи на 28:28.
Најефикасен во победничката екипа беше Ѓорѓи Дука со седум погодоци, пет постигна Лазар Стојанов, четири додаде Филип Дабевски.
Кај домашниот табор листата на стрелци беше предводена од Ѓорѓе Атанасов, кој зад своето име запиша осум гола.
Скопје со победата над Шампион од 34:29 (16:14) го презеде лидерското место во групата А. Тимот предводен од Оливер Димитриоски имаше подеми и падови, составот на Шампион во второто полувреме се врати во игра, но во клучните моменти Скопје повеќе ја посакуваше победата и заслужено дојде до нови два бода.
Предводник во победничкиот тим беше Бојан Чакалиќ со десет гола, по пет имаа Лука Лешникоски и Јован Фичорски. Кај Шампион се истакна Илија Пејковски, имаше 12 реализации.