Драчево Јуниор со три од три – броеше до 43 против Преспа

Еден од кандидатите за првото место во прволигашката конкуренција, Драчево Јуниор, запиша нов триумф во новата сезона.

Избраниците на Велимир Настески беа подобри од Преспа со 43-14, а ова беше трета победа во три меча за нив.

Победникот беше решен уште по првото полувреме, кога домаќините водеа со 20-8, а вториот дел беше само формалност.

Најдобри стрелци кај Драчево Јуниор беа Димитар Петковски и Филип Дабески со по седум гола, а кај Преспа четири реализации имаше Јовче Милошевски.