Тимот на Драчево Јуниор кој влегува со големи амбиции во претстојната сезона го донесе првото засилување.
Станува збор за Антонио Николовски кој настапува на пивотменската позиција и доаѓа од суперлигашот Бутел Скопје.
Николовски го краси цврстина во одбраната, со што сигурно ќе биде значаен адут на тренерот Настески во новата натпреварувачка сезона.
Новиот член на Драчево Јуниор има настапувано за Вардар Јуниор, а беше дел од Пролет, Еурофарм Пелистер 2 и Јуниор Кисела Вода.