Екипата на Драчево Јуниор славеше на гостувањето кај Овче Поле со 22-19 и остана при врвот на табелата во Првата лига.
Домаќинот пружи силен отпор, особено во првите дваесетина минути, но пред паузата момците на Велимир Настески направија солидна залиха од пет гола, 12-7.
Не се откажуваа домашните, во вториот дел стигнаа во два наврати на минус еден, но немаа сили за комплетен камбек во натпреварот.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Стојменов со пет, како и Фидановски, Марковски и Николовски со по три гола, а кај Овче Поле, Буровски, Ристов и Стаменков стрелаа по четири пати.
На делбата на првото место се Младост Богданци, Драчево Јуниор и „витамините“ од Автокоманда со по 12 бодови, но тимот од Богданци има меч помалку од конкурентите.


























