Драчево Јуниор со четврто ново име

Левиот бек Aндреј Крстевски е најновото засилување за амбициозниот прволигаш Драчево Јуниор.

Крстевски, кој игра во двата правци, играше за прволигашот Металург РА, претходно и за Јуниор Кисела Вода.

Покрај Крстевски, Драчево Јуниор ги донесе еден од најдобрите прволигашки стрелец – Филип Петровски, како и Филип Фидановски и Антонио Николовски.

Во новата сезона Драчево Јуниор влегува со амбиции за борба за елитната конкуренција во Македонија.