Прволигашот со суперлигашки амбиции, Драчево Јуниор, имаше очекувано победнички стартот во новата сезона.
Избраниците на Велимир Настески триумфираа против Шампион со убедливи 54-17 и сите освен голманите се запишаа во листата на стрелците.
Реми беше само на стартот 1-1, а потоа се беше во знакот на домаќините, кои до паузата примија само уште четири гола и водеа со 28-5.
Димитар Петковски имаше 12 реализации, осум пати погоди Давид Богоевски, а шест пати стрелаше Стефан Крстески. Кај Шампион, отскокнуваше Стефан Димески со шест голови.
Во следното коло Шампион ќе гостува кај „витамините“ од Автокоманда, додека Драчево Јуниор оди на гости кај Аеродром.