Прволигашот Драчево Јуниор полека го склопува играчкиот мозаик за претстојната сезона во која ќе влезе со големи амбиции.
Најново име во составот на Велимир Настески е кружниот напаѓач Александар Стојменов, кој доаѓа од Борец ФЛ, тим кој повеќе не постои.
Стојменов е поранешен кадетски репрезентативец на Македонија, играше за Вардар Јуниор, настапи и за Вардар во СЕХА лигата, а беше дел и од Голден Арт.
Драчево Јуниор претходно ги донесе еден од најдобрите прволигашки стрелец – Филип Петровски, како и Филип Фидановски, Андреј Крстевски, Мартин Павличковски и Антонио Николовски.
Во новата сезона Драчево Јуниор влегува со амбиции за борба за елитната конкуренција во Македонија.