Драчево Јуниор донесе голман – потпиша Мартин Павличковски

Амбициозниот прволигаш Драчево Јуниор го склопува играчкиот ростер за претстојната сезона.

Најново име во составот на Велимир Настески е чуварот на мрежата Мартин Павличковски, кој доаѓа од Пролет.

Младиот голман во својата кариера беше дел и од екипите на Голден Арт и Металург, а во бранеше и за тимот на Аеродром.

Покрај Павличковски, Драчево Јуниор ги донесе еден од најдобрите прволигашки стрелец – Филип Петровски, како и Филип Фидановски, Андреј Крстевски и Антонио Николовски.

Во новата сезона Драчево Јуниор влегува со амбиции за борба за елитната конкуренција во Македонија.