Драчево Јуниор запиша очекувана победа на гостувањето кај Партизан Гевгелија со убедливи 23 голови разлика, 47-24.
Сите ракометари освен голманите Павличковски и Петровски во составот на Драчево Јуниор се запишаа во листата на стрелци.
Најдобри беа Михаил Цветановски со осум и Филип Фидановски со седум погодоци, додека кај Партизан Гевгелија се истакна Јован Гетов со пет гола.
Драчево Јуниор сега има 26 бодови на третото место и останува во трка за врвот и место во елитатата.

























