По ремито кај Македонија Ѓорче Петров, ракометарите на Драчево Јуниор ја продолжија серијата без пораз во 2026 година, откако славеа против Овче Поле со убедливи 40-25.
Сега избраниците на Велимир Настески запишаа петта победа во пролетниот дел од сезоната и сега имаат 31 бод на третото место на табелата и шанси барем за суперлигашкиот бараж.
Мечот со тимот од Свети Николе беше решен уште по првиот дел, кога домашните водеа со 20-11, а во второто полувреме се играше само рутински.
Најдобри стрелци во победничката екипа беа Димитар Петковски со 11 и Владимир Наумоски со осум погодоци, додека кај Овче Поле се истакна Кристијан Стаменков со седум гола.

























