Тимот на Драчево Јуниор славеше убедливо против Вардар Неготино со 33-24 и остана во трка по првите две позиции на табелата во прволигашката конкуренција.
Домашните водеа од стартот на мечот и имаа контрола на резултатот. На паузата беше 16-13, на стартот на вториот дел неготинци намалија на 17-15, но тоа беше се од нив.
Тргна серија од седум голови за момците на Велимир Настески за 24-15 и тука беше решен победникот, па до крајот беше одработено само рутински.
Најдобри стрелци беа Димитар Петковски со седум и Александар Стојменов со пет погодоци, додека Ѓорѓи Орешков даде осум, а Драган Кузманов седум за Вардар Неготино.
„Витамините“ од Автокоманда се први на табелата со 34 бодови од 18 меча, Младост Богданци е втор со 32 бодови од 16 натпревари, додека Драчево Јуниор е трет со 28 бодови од 17 одиграни дуели.
























