Драчево и Металург РА со убедливи победи над Преспа Вардар и Астраион

Ракометарите на Металург РА запишаа нова победа во прволигашката конкуренција, откако славеа против Астраион со убедливи 49-25.

Гостите водеа само со 2-0 на стартот на мечот, а потоа се беше во знакот на домашните ракометари, кои до паузата направија плус 13, па вториот дел беше само формалност.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Бојан Поповски и Лука Савовски со по девет погодоци, додека кај Астраион се истакна Кире Георгиев со 11 погодоци.

Металург РА сега има 10 на четвртото место во групата А и практично го има обезбедно место во плеј-офот, додека струмичани се последни без ниту еден освоен бод оваа сезона.

Драчево исто така прослави убедлива победа, откако избраниците на Велимир Настески беа подобри од Преспа Вардар со 43-28.

Ресенчани парираа до 6-6, а потоа домаќините ја преземаа контролата на теренот и само ја полнеа гостинската мрежа, па до крајот немаше никаква неизвесност.

Најдобри стрелци кај победникот беа Димитар Петковски и Лазар Стојанов со по осум гола, додека кај Преспа Вардар, по пет пати реализираа Иван Костовски и Александар Димитриевски.

Драчево сега има 12 бода на петтото место во групата Б и се наоѓа пред пласман меѓу најдобрите во плеј-офот, додека Преспа Вардар е последна без бодови.