Драчевци со ново тура засилувања – потпишаа Крстески, Симјановски и Тодосов

Амбициозниот Драчево донесе уште тројца нови ракометари за продолжението од сезоната во Првата лига. За Драчево потпиша левото крило Аритон Тодосов, кој доаѓа од Овче Поле, а претходно беше дел од КЛ7 од Свети Николе.

Покрај Тодосов, доаѓаат и две засилувања со искуство од Супер лигата – десното крило Стефан Крстески и голманот Наум Симјановски.

Крстески долго време беше дел од Јуниор Кисела Вода, потоа го носеше дресот и на Металург РА, а сега ќе настапува за Драчево. Симјановски го бранеше голот на Бутел Скопје, а во есенската полусезона играше и за Шампион.

Претходно Драчево ги ангажираше левите бекови Благој Христовски и Давид Младеновски, како и организаторот на играта Давид Богоевски.

Драчевци заедно со Младост Богданци и Македонија Ѓорче Петров се на врвот на табелата во групата Б од Првата лига со по 19 бодови.