Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од 9 коло во Лигата на шампионите.
Македонската двојка Силвана Карбеска и Марија Илиева одново добија доверба од европската куќа на ракометот.
Тие ќе го судат натпреварот меѓу хрватскиот првак Подравка и францускиот вицепрвак Брест Бретањ, а делегатка ќе биде Кристина Фернандез од Шпанија.
Овој интересен двобој е закажан за 11 јануари од 14:00 часот во салата „Јосип Самарџија Бепо“ во Копривница.


























