Средниот бек Горан Печенковски му кажа збогум на ергенлакот и врти ново поглавје во животот.
Тој ја побара за сопруга долгогодишната девојка Надица Георгиев, а доби потврден одговор, па прославата можеше да започне.
Среќната двојка ја сподели радосната вест на социјалните мрежи и добиваше честитки од сите страни.
Печенковски потекнува од Младост Ресен, ги носеше дресовите на Металург, Пролет, Пелистер, Преспа, Охрид, Бутел и Јуниор КВ, како и Металург РА, а има искуство и од Лигата на шампионите со тимот од Автокоманда.