Во Кина заврши Светското првенство за кадетки, а нов шампион стана селекцијата на Шпанија која во финалето славеше против Данска со 23-22.
Покрај големата сензација на Шпанија, која од Б дивизија, односно ЕХФ шампионат се пласира на СП и стана првак, ИХФ сервираше уште едно досега невидено изненадување за јавноста.
Во Ол-Стар тимот на Мундијалот, веројатно за првпат во историјата на една позиција се избрани две ракометарки.
Дури и да преминете преку тоа дека две голманки ја делат „наградата“ за најдобри, следува уште едно изненадување – двете се голманки на Данска.
СП кадетки, Кина, Ол-Стар:
голман(ки): Фреја Нилсен (Данска) и Зениа Нилсен (Данска)
десно крило: Давија Абду (Франција)
десен бек: Вираг Фазекаш (Унгарија)
среден бек: Марта Силва (Шпанија)
лев бек: Ане Плугструп (Данска)
лево крило: Ера Бауман (Швајцарија)
пивот: Ајлин Борнхарт (Германија)
МВП: Белен Ларио (Шпанија)
најдобар стрелец: Вираг Фазекаш (Унгарија) – 54 гола