Домот на еден од најдобрите француски клубови, Иври, во текот на вчерашниот ден бил делумно зафатен од пожар.
Според француските медиуми, на пожарникарите им биле потребни неколку часа да го стават пожарот под контрола.
Од пламените јазици најпогоден е покривот на арената ,,Огист Делоне”, па ќе треба подолг временски период за реновирање.
,,Пожарот брзо се прошири, предизвикувајќи голема штета. За среќа, нема повредени и би сакале да ја пофалиме брзата и ефикасна интервенција на пожарникарите, полициските сили и агентите на општинската служба, кои помогнаа да се спречи поголема катастрофа”, изјави градоначалникот на Иври, Филип Бујсу.
Клубот од предградието на Париз ќе мора да бара соответна алтернатива за преостанатиот дел од сезоната.
View this post on Instagram