ДОМИНАЦИЈА: Барса е старо-нов шампион на шест кола до крајот на Асобал!

Барселона е старо-нов шампион на Шпанија, откако славеше над Адемар Леон со 48-31 во 24 коло од Асобал лигата.

На шест кола до крајот на шпанскиот шампионат, Барса е прва со 48 бодови (24 победи на 24 меча), додека Ла Риоха е втора со 34 бодови, но нема шанси да го стигне каталонскиот гигант.

Ова беше 33 титула за Барса во Асобал лигата, а 16 титула по ред за избраниците на Антонио Ортега.

Барса сезонава освои трофеи во каталонскиот Супер Куп, Иберискиот Супер куп, Купот на Шпанија, титули во Асобал лига и на Светското клупско првенство, а колекцијата може да биде збогатена со уште две титули – Лигата на шампионите и Купот на кралот.

Со титулата во Асобал лигата, Барселона стана првиот учесник за наредната сезона во Лигата на шампионите.

[insert page='euro2020-tekst' display='content' public]
[insert page='proba-2' display='content' public]
[insert page='24video-tekst' display='content' public]
[insert page='foto-tekst' display='content' public]