Репрезентацијата на Данска во четвртфиналето на Светското првенство славеше против Црна Гора со 26:24 и избори пласман во полуфиналето.
По натпреварот, ракометарките на Црна Гора истакнаа дека Данска имала голема помош од судиите Јусеф Белкири и Сид Али Хамиди.
Репрезентативката на Данска, Трине Јенсен Остергард, вели дека домашната репрезентација секогаш треба да има мала судиска помош.
,,На овој натпревар имаше можеби една или две контроверзни судиски одлуки донесени во наша полза. И мислам дека ова е нормална практика кога играат домаќините на турнирот. Разбирам дека тоа може да ги вознемири нашите ривали. Но, како домашен тим треба да имаме мала помош во однос на другата репрезентација. Затоа, верувам дека ништо криминално не се случи”, изјави Остергард.
Данска во полуфиналето за ривал го има актуелниот бранител на титулата, репрезентацијата на Норвешка.
Грбиќ распали по судиите: Како да дојдовме на театар, а не да играме ракомет!