За разлика од дома, каде сезонава најчесто добиваат „помалку важни“ натпревари, судиската двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ги судат најважните и најтешките натпревари во Европа и светот.
Во моментов во Саудиска Арабија попладнево ќе ја делат правдата на дуелот меѓу Ал Калеј и Ал Хада, кој решава за титулата во таа земја.
Во предност е тимот на Ал Хада која има подобра гол разлика. Нив им треба и реми за да бидат шампиони, а во тимот настапува и Вуко Борозан. Ал Калеј мора да победи за да биде првак.
Oвој турнир ќе биде квалификациски и за Супер Глоуб, каде што ќе игра најдобра екипа од Саудиска Арабија. Лани двајцата судеа и на Азиската лига на шампиони во Иран.
Николов и Начевски за десетина дена ќе бидат и дел од Ф4 турнирот во Келн каде ќе ја делат правдата во финалето. Летово ќе бидат дел и од Летните Олимписки Игри во Париз, што е нивен четврти настап на Олимпијадите.
На следниот линк од 17 часот можете да го гледате мечот кој решава з атитулата со Саудиска Арабија